Кенгур спасен од сигурна смрт секојдневно ги прегрнува спасувачите

Во знак на благодарност и љубов кенгурката Аби од Австралија секој ден веќе 12 години ги прегрнува луѓето кои ја спасиле од сигурна смрт.

Аби имала само 5 месеци кога останала сираче и била пронајдена од експерти за диви животни кои ја спасиле од сигурна смрт.

„Ја пронајдовме Аби кога имаше 5 месеци, беше многу повредена. Таа е единствениот кенгур кој секој ден нè прегрнува кога ќе се видиме“, напиша еден од спасувачите на Facebook.

Иако објавата потекнува од 2013 година, таа до денес е популарна и шест години подоцна се споделува на социјалните мрежи.

Нејзините негуватели редовно објавуваат фотографии од Аби на Instagram и покажуваат дека таа со години не ја променила навиката за прегрнување.