Ако консумирате чоколадо барем еднаш неделно, вашите когнитивни способности ќе бидат далеку подобри од оние на луѓето кои конзумираат чоколадо ретко и крајно ретко. Ова се резултатите од најновата студија спроведена од научници од Универзитетот во Мејн, Универзитетот во Јужна Австралија и Луксембуршкиот институт за здравство.
Студијата, објавена во списанието “Appetite”, опфатила 968 лица на возраст од 23 до 98 години.
Ризиците од висок крвен притисок и дијабетес тип 2 се помали кај оние кои редовно консумираат чоколадо, за разлика од оние кои не консумираат чоколадо подолг временски период.
Научниците веруваат дека идните истражувања ќе обезбедат дополнителен увид во врската помеѓу чоколадото богато со флавоноиди од какао и невропсихолошкото здравје и механизмите што ги поврзуваат. Тие веруваат дека во идните студии ќе биде важно да се испитаат оптималните количини за краткорочни и долгорочни ефекти.


