Вучиќ: Не знам дали ќе се кандидирам за претседател

Претседателот Александар Вучиќ изјави денеска дека сè уште не размислува за изборите, објавени за следната година, и дека не знае дали повторно ќе се кандидира за претседател, затоа што сега, како што вели, фокусот му е на прашања од значење за земјата и граѓаните.

Вучиќ изјави дека само оваа година имаме многу грижи како вакцини, нов вид корона, Косово и Метохија, па дури и Република Српска.

– Не знам дали ќе се кандидирам за претседател. Тоа не е само моја одлука, тоа е делумно моја одлука, а делумно збир на околности. Ако видам дека постои можност некој друг да победи во првиот круг, ќе номинираме некој друг, рече Вучиќ.

Тој посочува дека не би сакал да биде уморен за три години и дека сака граѓаните на Србија да имаат претседател кој има целосна енергија и може да се бори за нивните интереси.

– Ние ќе ја следиме ситуацијата, но изборите се далеку од нас. Имаме грижи за вакцината, британскиот вид, Косово и Метохија, ќе имаме грижи и за Република Српска. Значи, ќе имаме многу грижи и сето ова што ќе ни се натовари на грбот оваа година – рече Вучиќ.

Поради сето ова, тој вели дека не му паѓа на памет да размислува за избори.