Во Србија досега од Ковид 19 се вакцинирани над 170.000 луѓе

Во Србија започна вакцинација  против Ковид 19, последните десетина денови се врши масовна вакцинација на населението.

Според последните податоци што ги објави министерката за труд, Дарија Кисиќ, до утрината се вакцинирани 172.000 граѓани.

Сите што ја примиле првата доза, ќе ја примат и втората, а по овие количини има резерви уште за наредните 7 дена со оглед на масовноста на пријавените за вакцинација.

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, најави уште најмалку 100.000 дози вакцини, но кажа дека сега оди потешко нејзината набавка дури и од Русија.

Тој рече дека и покрај тоа што Србија пред неколку месеци има депонирано 2.000.000 евра во Ковакс системот, оттаму немаат примено ниту една доза.

Србија почна меѓу првите да вакцинира против Ковид 19, а вакцините ги набави исклучиво во билатерален договор со производителите.