Лазаров искрено: Го допревме дното во Египет

Нашата ракометна икона Кире Лазаров во интервју за официјалниот сајт на Хрватската ракометна федерација (ХРС), истакна дека генерациската смена низ која минува репрезентацијата не е оправдување за резултатскиот дебакл на Мундијалот во Египет и потенцираше дека македонската ракометна репрезентација го „допре дното“.

– Македонија тагува по сите овие порази со висока разлика, но верувајте ми дека ниту мене не ми е лесно. Иако имаме смена на генерацијата, мораме да бидеме искрени и да кажеме дека тоа не е оправдување што не се прикажавме во достоинствено светло. Можеби нам ова СП ќе ни биде добредојдено, бидејќи на извесен начин ние го допревме дното и сега треба да пробаме со добра стратегија да наградуваме, истакна македонскиот капитен.

Тој во интервјуто потенцира дека е горд што го носи дресот на македонската репрезентација веќе 22 години