Се продава дрвна маса од подрачјето околу Езеро Младост, во Велес, кое го зафати голем пожар на 26-ти август. Ова преку повик до заинтересирани го објавија од локалната власт.
Претходно ЈП Македонски шуми информираше дека тие го расчистуваат теренот, а опожарените дрвја се носат во Битола во квасарата на дробење, но не е така.
Од Општина Велес објаснувааат за која дрвна опожарена маса станува збор. „Дрвјата кои се нудат за откуп се опожарени и се во делот на градежната зона. Таа според ДУП е во владение на Општина Велес. Таму требаше да се градат дел од содржините на забавните паркови на Смарт езеро Младост. И токму поради тоа се расчистува, за да може да се работи на тие површини, кои се сопственост на локалнатa власт. Според стручните лица, истите се толку многу изгорени што не се употребливи за било што и затоа се продаваат за нивна преработка“ – одговорија од Општина Велес.
Засега нема проценка колку опожарена дрвна маса се продава.