АстраЗенека го намалува за 60 проценти снабдувањето со вакцината против КОВИД-19

Фармацевтската компанија АстраЗенека ја извести Европската унија дека ќе го намали снабдувањето со својата вакцина против КОВИД-19 за 60 проценти, на 31 милиони дози во првиот квартал од годинава

Компанијата како причина ги наведува проблемите во производството.

Прелиминарните планови беа АстраЗенека да достави околу 80 милиони дози до Европската унија до крајот на март.