СЗО: Маските од ткаенина се ефикасни и против новите видови на коронавирусот

Mаските од ткаенина се ефикасни, дури и против новите видови на коронавирусот, бидејќи начинот на пренесување е ист, соопшти Светската здравствена организација.

Во областите каде циркулира вирусот, треба да се носат маски кога луѓето се собираат на едно место и е невозможно да се држи барем еден метар растојание, како и во простории што не се проветруваат или се проветруваат малку, објасни Марија ван Керчоу од СЗО. Таа нагласи дека нема докази за промена во начинот на инфекција, дури и со варијанти на вирусот што може да бидат поинфективни.

Затоа Светската здравствена организација нема намера да ги менува сегашните препораки за маските.