Сметководител оштетил нотар за 178 000 евра

epa06170179 A worker counts Euro banknotes at a money exchange company in Peshawar, Pakistan, 29 August 2017. The Euro jumped against the US dollar on 29 August recording $ 1.2 for the first time in 18 months. EPA-EFE/ARSHAD ARBAB

Довербата во сметководителот е огрома. Во светот а и кај нас, сметководителите ги сметаат за свои лични финансиски советници. Она што го прават тие, е многу повеќе од поднесување на даночни пријави. Сметководителот може да направи сеопфатна проценка на вашите финансии и да создаде прогноза низ годината за да го задржат вашиот бизнис  здрав и просперитетен.

Искреното партнерството со сметководител, всушност може да ви помогне да ги постигнете вашите цели на долгорочен успех.

Но не било така и со овој случај.

Од наши неофицијални извори дознаваме дека станува збор за позната нотарка, која работи на териоторија на град Скопје, била ‘’олесната’’ околу 178 000 евра од својот сметководител.

По овој случат, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против лице кое како одговорно лице – сметководител сторило кривично дело – Проневера во службата од член 354 став 5 во врска со став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Постапката на сметководителот била добро испланиранa?

Сметководителот, неовластено пополнил и имитирајќи го потписот на оштетената нотарка потпишал 211 налози за пренос на парични средства. Средствата тој ги префрлал од оперативни сметки на нотарот од повеќе различни банки на банкарска сметка која нотарката ја имала во една банка, во која и сопругата на обвинетиот имала сметка. Потоа обвинетиот ги префрлил паричните средства од сметката на нотарката на банкарската сметка на неговата сопруга, од каде како овластен потписник ги подигнал во готово паричните средства, информираат од ЈО Скопје.

Извор: Пари