СЗО: Ќе им овозможи на сиромашните земји да се вакцинираат од февруари

Светската здравствена организација (СЗО) денеска објави дека постигнала договор со „Фајзер“ за 40 милиони дози од нивната вакцина „ковид-19“, што ќе овозможи вакцинирањето да започне во февруари во сиромашните земји според програмата COVAX.

Шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебреизус, на брифинг изјави дека новиот договор со „Фајзер“ треба да овозможи во февруари да започне вакцинирањето на здравствените работници.

Директорот на „Фајзер“ Алберт Бурла изјавил дека 40 милиони дози од вакцината ќе бидат продадени на непрофитна основа. Тој рече дека тоа е првичен договор и дека во иднина повеќе дози може да се продадат преку COVAX.