Во Израел 13 лица пријавиле лесна парализа на лицето по примањето на Ковид вакцината

Министерството за здравство на Израел објави дека 13 лица пријавиле лесна парализа на лицето како последица од приемот на вакцината против коронавирусот, а тој број може да биде уште поголем.

Затоа, здравствените власти се прашуваат дали во вакви случаи треба да се даде втората доза на вакцината, пренесува Јerusalem Post.

Имав парализа на лицето најмалку 28 часа, рече една од луѓето кои ја примија вакцината, која додаде дека нема други симптоми, освен мала болка во раката во која е дадена вакцината.

Лицето изјавува дека е неодлучно дали треба да ја прими втората доза на вакцина, а додека директорот на Институтот за инфективни болести на Медицинскиот центар Шеба, Галија Рахев изјави дека на таков пациент не би му дала друга доза, Министерството за здравство смета дека е потребна ревакцинација.

Рахев додаде дека никој не знае дали е поврзана со вакцината или не, додека Министерството за здравство посочува дека втората доза треба да се даде кога ќе помине парализата.

Повеќе од два милиони Израелци ја примиле вакцина против коронавирусот на Фајзер, а повеќето од вакцинираните немале никакви проблеми или имале лесни симптоми, објави Министерството за здравство.