Трудо: Ова е почеток на „новата ера“ на канадско-американското пријателство

Канадскиот премиерот Џастин Трудо го истакна заедничкиот став што го споделија Канада и САД пред неговиот прв телефонски повик со новиот американски претседател Џо Бајден во петокот вечерта, додавајќи дека тоа е почеток на „новата ера“ за двете земји.

Канадскиот премиер Трудо, рече дека сака да сврти нова страница во односите со Соединетите држави.

Трудо ќе биде првиот странски лидер што разговарал со Бајден од неговата инаугурација во средата.

„Подготвени сме да работиме рамо до рамо за да го победиме КОВИД-19 и да ја изградиме економијата од која сите ќе имаат корист“, изјави Трудо пред новинарите.

„Сигурно ќе биде предизвик … Сега започнуваме нова ера на канадско-американско пријателство и работа”, рече тој.

Бајден исто така потпиша указ за поништување на проектот гасовод Keystone XL, што Обама го отфрли во ноември 2015 година од еколошки причини по седумгодишна проценка, но беше одобрен од Доналд Трамп по стапувањето на должноста. Станува збор за нафтовод кој се планира да доставува сурова нафта од Канада до рафинериите во Тексас.

Ова се заканува да ги поткопа напорите на Трудо за обнова и подобрување на односите со Соединетите држави.

„Ќе ја изразам мојата грижа за работата и егзистенцијата во Канада, особено на западот на земјата, директно во разговор со претседателот Бајден“, рече Трудо.

Но, Трудо наведе и бројни области каде што двете земји можат да имаат подобра соработка, вклучително и создавање работни места, борба против климатските промени и победа над КОВИД-19.

„Ние сме многу порамнети и посвесни за работата што треба да се направи за да се обезбедат можности за секого додека градиме подобра иднина“, рече Трудо.