Џеј Зи вложува 10 милиони долари во продажбата на марихуана

Американскиот рапер и продуцент Џеј Зи, сопруг на пејачката Бијонсе, основа инвестициски фонд од 10 милиони долари за поддршка на малите компании кои работата во секторот со марихуана и се во сопственост на афроамериканци.

Шон „Џеј Зи“ Картер, кој сака да биде лидер во индустријата за легална марихуана во САД, го создаде тој инструмент за ризичен капитал откако купи платформа за директна продажба на марихуана на потрошувачи во Калифорнија.

„Со почетни 10 милиони американски долари и годишна инвестиција од најмалку два проценти од нето добивката, ние се свртуваме кон диверзификација на нашето трговско лидерство и работна сила“, соопшти матичната компанија Parent, чиј „главен визионер“ е Џеј Зи.

Parent Company (TPCO) котира на канадската берза NEO Exchange од минатата недела. Пејачката Ријана е меѓу нејзините инвеститори.

Компанијата се обврзува да инвестира два процента од профитот секоја година во новиот „Инвестициски фонд за социјална еднаквост“, основан според одредниците.

Холдингот, со седиште во Сан Хозе, Калифорнија, оствари промет од 185 милиони долари на пазарот на марихуана во 2020 година, што се проценува на 7,5 милијарди долари само во Калифорнија, каде потрошувачката на марихуана е дозволена за рекреативна употреба, како во петнаесет други американски држави, пренесува Н1.