Чешка ја продолжи вонредната состојба

Долниот дом на чешкиот парламент ја продолжи вонредната состојба до 14 февруари поради пандемијата на коронавирусот.

Ова продолжување на вонредната состојба и обезбедува на Владата законска основа за некои мерки, како што се ограничувања за собирање или привремено затворање на компании.

Во Чешка досега починале 14.973 лица од инфекција со Ковид-19.

Министерот за здравство Јан Блатни ги повика граѓаните да ги почитуваат границите на социјалната интеракција и да помогнат во борбата против пандемијата. Построгите мерки за контрола на движењето и собирите стапија на сила на 27 декември, кога повеќето продавници беа затворени.

Официјални лица велат дека бројот на пациенти во болниците мора да се преполови, под 3.000, за владата да започне со разгледување мерки за ублажување на ограничувањата.