Заев: Ја поздравувам одлуката на пратениците за спроведување на попис и носењето на Законот за попис на населението

После речиси две децении конечно ќе спроведеме попис во државата. Ја поздравувам одлуката на пратениците за спроведување на попис и носењето на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите, напиша на фејсбук премиерот Зоран Заев.

“Институциите се целосно подготвени, пописот ќе се спроведе со употреба на најмодерни алатки и технологии, според меѓународните стандарди и критериуми на Евростат.

И Европската Комисија нотираше дека е постигнат добар напредок, особено во спроведувањето на пилот фазата од пописот на населението и тестирањето на новата методологија која ќе се користи за спроведување на истиот.

Оваа статистичка операција е основната алатка за креирање на развојните политики на државата. Затоа пописот во 2021 ќе се спроведе – не затоа што премиерот Заев така рекол. И не затоа што Мицкоски така сака или не сака.

Попис2021 ќе има затоа што развојот на Северна Македонија нема да биде можен без резултатите од овој попис”, напиша Заев.