(ВИДЕО) Најдено е телото на американски планинар во близина на вториот највисок врв на светот

Американски планинар кој исчезна во близина на К2, втората највисока планина во светот, е пронајден во планинскиот венец Каракорум во северен Пакистан од екипаж на воен хеликоптер, пренесуваат агенциите.

Пакистански воен тим го забележал телото на Алекс Голдфарб Румјанцев од хеликоптер, откако започнала интензивна операција за пребарување и спасување ден претходно, соопшти Пакистанското планинарско друштво (АЦП).

Тоа е втора смрт на странски алпинист на таа планина за помалку од една недела.