Еден од најдобрите тенисер во светот Рафаел Надал, вели дека се уште не размислува за пензија, но и дека не се плаши од пензионерските денови кои порано или подоцна треба да се случат.
-Мислам дека сè уште се радувам на теренот и сакам да одам понатаму, но без никаков страв од денот кога ќе се пензионирам. Има многу работи надвор од тенисот што ме радуваат и затоа нема напнатост во смисла дека не сакам да дојде тој ден , вели 34-годишниот Надал.
Исто така, Надал зборуваше за фактот дека не секогаш ја имал големата поддршка од публиката на Ролан Гарос во Париз.