Лидерот на Алијансата за иднината на Косово Рамуш Харадинај, одговори на изјавата на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој го нарече опасна личност.
-Не плашете се, господине Вучиќ. Не мора да бидете нервозни. Косово го бара само она што му припаѓа, напиша Харадинај на социјалната мрежа Фејсбук.
Тој додаде дека сепак постои начин да се избегне референдум за обединување на Косово со Албанија во 2025 година.
-Постои еден многу едноставен начин, а тоа е Србија да го признае Косово како независна држава, напиша Харадинај.