Денес е најдепресивниот ден во годината, еве и зошто

Денешниот ден е третиот понеделник во јануари и се нарекува „тажен понеделник“ – се смета дека е најдепресивниот ден во годината.

Токму овој ден, познат и како Blue Monday, почнуваат да се чувствуваат последиците од долгата зима, празниците поминаа, сметките се празни, а новата плата уште не е ни на повидок.

Психологот Клиф Арнал од Универзитетот во Кардиф математички пресметал зошто токму овој ден е најдепресивен.

Формулата со која Клиф пресметал дека баш овој ден е најдепресивен во годината како фактори ги има временските услови, долговите на сметките, терминот кога ќе пристигне следната плата, фактот дека никој не ги одржал новогодишните одлуки и ветувања, ниското ниво на мотивација…

Изразот Blue Monday станувал сѐ попопуларен, па во 2014 година многу компании почнаа да го користат за промотивни цели.

Арнал пресметал и кога е најсреќниот ден во годината. Според него, во зависност од тековната година, најсреќниот ден се паѓа приближно меѓу 21 и 24 јуни.