Заев: Србија ќе ни даде 8000 Фајзер вакцини

Премиерот Зоран Заев денеска денес истакна дека Србија се согласила да ни помогне со 8000 вакцини од „Фајзер“.

-Имам чест да соопштам една добра вест. Србија преку претседателот Вучиќ понудија помош, и ние ја прифативме. Тие се согласија да ни помогнат со тоа што ќе ни дадат 8000 вакцини од Фајзер, а за другите вакцини имаат договори кои треба да проверат. Ќе информираме соодветно. Јас сум благодарен и сакам од името на целиот македонски народ да изразам благодарност до Србија. Ова е сериозен чин на пријателство, рече Заев.

Тој истакна дека во последните неколку дена, државата бара поддршка и помош од други земји за вакцини, пред да пристигне првата количина од 5850 следниот месец.