(ВИДЕО) Опозиционерот Навални уапсен веднаш по пристигнувањето во Москва

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој беше приведен вчера при пристигнувањето на московскиот аеродром Шереметјево, е спроведен од транзитната зона на аеродромот до блиска полициска станица, објави неговиот соработник Иван Жданов на Твитер.

Авионот во кој се наоѓаше требаше да слета на аеродромот „Внуково“, каде беа собрани и негови приврзаници, но властите го затворија аеродромот само неколку минути пред очекуваното пристигнување.

На неговиот адвокат кој исто така патуваше со него, не му беше дозволено да го придружува по апсењето.