Интерпелацијата на работата на вицепремиерот Димитров на дневен ред во Собранието

Собранието денеска, со почеток во 11 часот ќе ја одржи 30-та седница на која на дневен ред има 50-тина предлог-закони за изменување и дополнување на постојни закони, како и интерпелацијата за работата на заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров.

Интерпелацијата е поднесена од опозициските пратеници Александар Николоски, Антонијо Милошоски, Владо Мисајловски, Ѓорѓија Сајкоски, Жаклина Пешевска, Никола Мицевски, Дафина Стојаноска, Рашела Мизрахи, Велика Стојкова – Серафимовска, Бети Стаменкоска Трајкоска, Игор Здравковски, Благица Ласовска, Бојан Стојаноски, Лидија Петкоска, Петар Ристески, Ане Лашкоска, Игор Јанушев, Љупчо Пренџов, Олга Лозановска, Јадранка Поцкова, Александар Велјановски, Златко Пенков, Даниела Христова, Дајанчо Ефтимов, Миле Лефков, Бране Петрушевски, Здравко Трајанов, Љупчо Димовски, Димитар Апасиев, Зоранчо Јованчев, Силвана Ангелевска, Мирче Аџиоски, Иванка Василевска, Борислав Крмов, Иван Стоилковиќ, Ели Панова и Ангелинка Петкова.