Во Скопје казнети 213 возачи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (16.01.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 213 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 23 санкции, 14 мерки за нерегистрирани и технички неисправни возила, 25 за користење на мобилен телефон. Изречени се 8 санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), 5 за непочитување на брзината на движење, 45 мерки за непрописно паркирани возила и 7 за неносење заштитна маска.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.
Oд МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.