СИЛУВАЊЕ ВО СРБИЈА: Познатиот српски глумец и режисер Мика Алексиќ, обвинет за силување глумици во неговото приватно училиште

Актерката Милена Радуловиќ која одлучи како што самата вели, да не молчи повеќе објави вест која што ја шокираше цела Србија. Таа објави дека познатиот сопственик на школата за глума, Мирослав Мика Алексиќ, ја силувал кога таа имала само 17 години.

По нејзиното признание во јавноста, Алексиќ синоќа, бил приведен и однесен во полициска станица. Тој е еден од најпознатите српски е продуценти, актери и филмски режисери. Најдобрите актери во Србија го посетувале неговото училиште. Некои од нив се: Никола Којо, Борис Миливојевиќ, Никола Ѓrуричко, Мирјана Јоковиќ, Виктор Савиќ, Вук Костиќ, Нада Маканковиќ, Ања Алац, Ваја Дујовиќ, Марија Бергаман, Хана Селимовиќ, Ивана Зариќ, Бојана Стефановиќ.

По синоќешното страшно признание на актерката Милена Радуловиќ, многу колеги јавно ја поддржаа, меѓу нив Маријана Мишиќ, Миодраг Радоњиќ, Нина Јанковиќ, како и режисерката Милена Грујиќ.