Кои ќе бидат првите одлуки на Бајден: Во среда потпишува декрети со кои ќе се промени животот на Американците

Оваа среда на првиот ден од неговото претседателствување Џо Бајден се очекува да потпише повеќе декрети кои ќе го променат животот на американците и ќе го променат крусот на американската политика.

Како што се најавува Џо Бајден ќе потпише неколку укази меѓу кои повторното враќање на САД во Парискиот договор за климата.

Еден од најавените декрети е и укинување на забраната за влез во САД за државјани на повеќе земји, претежно со муслиманско мнозинство. Забраната беше изгласана само неколку дена откако Доналд Трамп ја презеде функцијата во јануари 2017 година.

Шефот на кабинетот на новиот претседател не ги објасни детално сите укази, но посочи дека тие се однесуваат на четирите приоритети на Бајден, имено борбата против пандемијата на коронавирусите, борбата против климатските промени, економското заживување и борбата за социјалните и расни права.

Маските стануваат задолжителни во простории под контрола на сојузната држава

Што се однесува до пандемијата, 46-от претседател на Соединетите држави ќе издаде декрет со кој се прави задолжително носење маска во просториите и областите што зависат од сојузната држава, како и при патување меѓу држави, што Доналд Трамп одби да го стори.

Во економска смисла, Bо Бајден исто така планира да го продолжи мораториумот за иселувања и егзекуции поврзани со пандемија.

Новиот претседател ќе продолжи со низа други декрети во текот на првите десет дена од неговото претседателствување, до 1 февруари, додаде Клајн.