Во Србија 1.393 нови случаи со коронавирусот, а 22 лица починале

Во последните 24 часа во Србија се потврдени нови 1.393 случаи на коронавирусот, а 22 лица починале.

Според новите податоци на Министерството за здравство, тестирани се 9.099 примероци во текот на вчерашниот ден.

Во болниците има 5.362 пациенти, од кои 201 се на апарати за дишење.

Од почетокот на епидемијата, во Србија биле заразени 371.216 лица, од кои 3.730 починале. Досега се тестирани 2.468.821 примерок.

Стапката на смртност е еден процент, пренесува Танјуг.