Пандемијата на коронавирусот ја забави глобалната миграција за скоро 30%

Пандемијата на коронавирусите ја забави глобалната миграција за скоро 30 проценти, со околу два милиони луѓе помалку отколку што се очекуваше, мигрирале помеѓу 2019 и 2020 година, според извештајот на ООН.

Околу 281 милиони луѓе живееле надвор од нивната земја на потекло во 2020 година. Извештајот под наслов „Меѓународна миграција 2020“, покажува дека две третини од регистрираните мигранти живееле во само 20 земји низ светот, а САД се на врвот на списокот, со 51 милион меѓународни мигранти во 2020 година.

Следат Германија со 16 милиони, Саудиска Арабија со 13 милиони, Русија со 12 милиони и Велика Британија со 9 милиони.

Индија беше на врвот на листата на земји со најголема дијаспора во 2020 година, бидејќи 18 милиони Индијци живеат надвор од својата татковина.

Други земји со голема транснационална заедница се Мексико и Русија, секоја со 11 милиони, Кина со 10 милиони и Сирија со 8 милиони.

Во 2020 година, најголемиот број меѓународни мигранти престојуваат во Европа – вкупно 87 милиони, пишува БГНЕС.

Скоро половина од меѓународните мигранти престојувале во регионот од каде доаѓаат – Европа има најголем удел во интрарегионална миграција. Седумдесет проценти од мигрантите родени во Европа живеат во друга европска земја.

Бегалците сочинуваат околу 12% од сите меѓународни мигранти, се вели во извештајот, со околу 80% да се населат во земји со ниски и средни приходи.