На знакот Шкорпија влијаат Марс и Плутон. Иако ова е женски воден знак, сепак е поприфатлива придавката „течен оган“. Изразитите типови на овој знак имаат неверојатна продорност на погледот.
Родените во овој знак се чудно издржливи и имаат воодушевувачки нагон за опстанок и борба за живот. Расположеноста за борба и принципиелност во ставовите е втора одлика на овој знак. Изгледаат плашливи и молчаливи, но тоа е само привидно. Во нив се крие бесконечен број на идеи и планови. Секогаш тврдат дека никој не може да ги сфати, дека тие тоа и не го сакаат, бидејќи тие доволно се познаваат себе си и знаат дека се неприкосновени апсолутисти и сезнајковци кои не прифаќаат никакви совети. А кој гениј не им бил чуден на своите сограѓани, бидејќи знакот Шкорпија носи три посебни обележја кои го издвојуваат од останатите знакови: најелегантен, најинтуитивен и најчесто генијален. Со тоа е разбирлив нивниот индивидуализам и нивната постојана борбена подготвеност.
Често се преценуваат себе си и своите можности, но тоа го надополнуваат со неверојатната упорност. Сите сакаат да ги убедат во својата несреќа, во своите потценувања на се она што е обично и невистинито. Знаат дека се околу нив е лажен сјај, дека се е маска и глума и против тоа се борат се од моментот кога доаѓа во прашање нивната лична слобода и создавачки замав. Многу се добри организатори и раководители. Често очајуваат, бидејќи плановите не им се остваруваат, тогаш ниту се жалат ниту бараат било каква помош. Сите свои проблеми ги решаваат исклучиво сами и не прифаќаат никакви сугестии од околината по тоа прашање.
Многу се самоуверени и не дозволуваат да се залажат на никакви ветувања. Затоа знаат од мали проблеми да направат огромни и да за нивното решавање потрошат многу време. Во љубовта се импулсивни и примитивни. Знаат да го оценат човекот и во тоа ретко суштински се измамени.
Квалитетите им се постојаност и силна волја.
Мани: тврдоглавост, жестокост и љубомора.
Подложни се на разни епидемии и болести на крвта и крвните садови.
Тотална непослушност и вечна желба за нешто посебно со неверојатна воздржаност и смиреност на делување, тоа е одлика на типичниот човек роден во овој чуден знак, за кој се вика дека го померуваат „пранагони“.
Пред да се впуштат во професионалниот свет, тие треба да научат да прифаќаат критика исто така лесно како и што ја даваат, бидејќи во некои добронамерни сугестии од пријателите се кријат добри идеи кои можат да се искористат. Треба да го почитуваат мислењето на другите дури и да се убедени дека не се во право. Ако ја стекнат оваа особина, ќе можат сериозно да размислуваат за успех. Нив исто така не им одговара ни некоја поголема колективна работа, бидејќи трпението и тактот се особини со кои природата не ги надарила во голема мера. Но, без разлика на тоа, тие имаат предиспозиции за добра кариера и тоа во медицина, физички науки, политика, транспорт.
Добриот однос на другите планети ги прави луѓето од овој знак многу способни и талентирани. Нивната можна грешка може да биде во тоа да не успеат да пронајдат област на делување на кое нивната скоро генијална надареност би дошла до најголема висина. По инерција тие се препуштаат на уметноста, но тоа не е област која е предодредена за нив. За такви личности уметноста е само хоби, а вистински успеси постигнуваат на други полиња. Ако почувствуваат дека успехот е блиску, тие добиваат неверојатна сила и упорност.
Среќни броеви: девет, три, два.
Поволни денови:понеделник, вторник, четврток.
Омилена боја: црвена.
Познати личности родени во овој знак се: Дантон, Роден, Ататурк, Достоевски, Пикасо, Момпке, Вук Караџиќ, Његош, Франк Прешерн.