Чај кој ќе ви помогне да ослабете додека спиете

Една нова студија објавена во списанието „Nutrients“ открива дека пиењето на еден специјален чај може да ви помогне да согорувате маснотии додека спиете.

Станува збор за кинески улонг чај, кој истражувачите од Универзитетот Цукуба во Јапонија откриле дека го забрзува процесот на согорување на маснотиите во организмот со само две чаши на ден.

-Како и сите чаеви, улонгот содржи кофеин кој влијае на метаболизмот со зголемување на срцевиот ритам. Сепак, студиите сугерираат дека потрошувачката на овој чај може да го зголеми и распаѓањето на мастите, без оглед на ефектите од кофеинот , наведува авторот на студијата, професорот Кумпеи Токујама.

Чајот од улонг е делумно оксидиран и се смета дека е нешто помеѓу зелениот и црниот чај. Истражувањата покажаа дека улонг и чистиот кофеин го зголемуваат распаѓањето на маснотиите за 20 проценти во споредба со резултатите на испитаниците кои земале плацебо.

Уште поимпресивно е откритието дека позитивните ефекти на тој чај врз телото се рефлектираат во текот на целата ноќ. Групата што пиеше чај улонг или чист кофеин две недели не ја зголеми потрошувачката на енергија.

Ова истражување сугерира дека учесниците можеби развиле толеранција на стимулативните ефекти на двата третмани. Немаше забележителни промени во начинот на спиење од ниту една група и покрај фактот дека и двата третмани вклучуваа кофеин за кој е познато дека го нарушува спиењето.

Сепак, професорот Токујама вели дека се поставува прашањето дали чајот навистина може да доведе до губење на маснотии за подолг временски период.

-Покрај тоа, ние сакаме да пробаме чај улонг без кофеин за подобро да ги разликуваме ефектите на кофеинот од другите состојки на чајот, што ќе ни помогне да разбереме како улонгот точно помага при разградување на маснотиите“, рече тој.