Иако претходно беше испратена покана до медиумите за следење на средбата помеѓу претседателот на Уставен суд на Република Северна Македонија Сали Мурати, и амбасадорот на ЕУ Самуел Жбогар, сепак, медиумите беа избркани од зградата на Уставниот суд.
Беше дозволено само снимање на неколку инсерти од средбата, по што обезбедувањето и една вработена во Судот дрско им нареди на новинарите дека тие не се организатори на настанот и снимањето во зградата на Уставен не е дозволено.
И покрај тоа што медиумите замолија да останат во холот и просторијата предвидена за новинари во Судот, сепак, дрскоста од страна на вработените продолжи и медиумите беа избркани надвор.
Нема информации за каква средба станува збор и зошто евроамбасадорот Жбогар е во судот.
Уставниот суд во периодов е актуелен по иницијативата за преиспитување на уставноста на поништувањето на помилувањата од поранешниот претседател Иванов.