Папата Франциско се вакцинирал против коронавирус

Според изворите, Светиот Отец бил вакциниран со Pfizer и BioNTech.
Папата Франциско утрово ја прими првата доза на вакцина Ковид-19, соопштија извори од Ватикан, но прес-службата на Ватикан сè уште официјално не ја потврдила веста. 84-годишниот папа ќе ја добие втората доза за околу три недели.

Портпаролот на Ватикан, Матео Бруни, преку изјава за печатот изјави дека „кампањата за вакцинација против Ковид-19 започна утрово“.

Според новинарите на аргентинскиот дневен весник „Насион“ и американското списание „Америка“, кои се експерти за Ватикан и според пријателите на папата, Франциск е вакциниран денес на влезот во аудиториумот „Павле VI“ во Ватикан. Светиот Отец е вакциниран со Pfizer и BioNTech, додава ТАСС.

Ватикан ги стави на располагање на медиуите, фотографиите од специјално подготвениот атриум, каде вработените и членовите на нивните семејства, како и пензионираните кардинали и вработените, ќе ја примаат вакцината.

Во интервју емитувано на италијанската телевизија минатата недела, папата Франциско објави дека се пријавил за да ја прими вакцината и рече: „Мислам дека сите треба да ја примат вакцината; ова е етичка опција, затоа што вашето здравје, вашиот живот е во прашање, а вие сте исто така загрозени и животот на другите. Тој додаде: „Следната недела ќе започнеме да го правиме тоа во Ватикан и си резервирав место. Ќе примам вакцина“.