Општи карактеристики на Рак (21.06-22.07)

Watercolor sign of the zodiac Cancer on star space background. Free Hand drawing. Vector illustration.

Ракот е под директно влијание на Месечината, па затоа е изразено женски воден знак. Потребата за љубов, мир и среќа е главна мисла на родените во овој воден знак. Животот им се одликува со големи екстреми, од огромна среќа до крајни граници на страдање. Недоверливи се и издржливи, а оптеретени со комплекси на ниски вредности. Со немирен дух се.

Големи идеалисти се и често трчаат кон средба со опасноста. Поради неможноста реално да ги согледаат работите, се впуштаат во огромни потфати со голем ризик, премногу се чувствителни, лесно се возбудуваат и секогаш бараат потврда за својата љубов. Ако се заљубат, упорни се во докажувањето на својата искрена приврзаност и верност, па поради тоа имаат многу непријатности. Многу се љубоморни, сакаат секој да ги разбере и уживаат другите да ги сожалуваат додека страдаат. Ракот е пример за идеален маж кој сака во се да помогне. Со задоволство се жртвува за подобар живот на домашните и затоа не бара ништо друго освен мир во домот, топла соба и музика. Музика, тоа е втората водечка мисла на луѓето родени во овој знак. Многу се раздразливи и лесно менуваат расположение; можат да бидат незгодни за околината.

Нежни се и пожртвувани, добри, друштвени и помирувачки, но затоа недоволно борбени и самосвесни. Дозволуваат други да ги одредуваат насоките на нивниот пат. Немаат храброст да се спротивстават и да ги аргументираат своите ставови. Ако тоа и се обидат, тогаш тоа е одбрана на идеалите без никакви реални подлоги. Тоа често ги наведува кон егоизам, осветољубивост и нереалност. Својот огромен внатрешен живот го препуштаат на инстиктите и сништата, додека во надворешниот свет се однесуваат како мирни и незаинтересирани набљудувачи. Џинови по своето внатрешно преживување, во животот се однесуваат како непромислени и брзоплети деца. Свесни за тоа, сите врски кои ги остваруваат, вклучувајќи го и бракот, ги чуваат и почитуваат и пеку границите на самопожртвуваност. Величенствената тишина на домот е цел кон која искрено тежнеат и за која се борат онолку колку е тоа можно за нив.

Лесно се прилагодуваат на секоја ситуација и многу се услужливи, а на луѓето им веруваат повеќе од што е потребно. Поради тоа често се несреќни и несфатени. Претерана чувствителност, фантазирачка нереалност и инстиктивно жртвување – тоа се главните одлики на Ракот.

Нивниот живот е проткаен со контрадикции. Од една страна, тие се неуморни, момент подоцна несигурноста е таа која ги спречува да ги остварат своите планови. Во еден момент се заинтересирани за нешто, а веќе во следниот тие се потполно индиферентни за тоа. Понекогаш се способни да се убедат себе сѝ дека она што го работат е токму она што најмногу им одговара. Најголем проблем за нив е да го направат првиот чекор. Позначајна препрека за професионален неуспех е прекумерен страв и вродена срамежливост, како и замислена идеја за грешките за кои си замислуваат дека тие ги предизвикале. Многу ќе патуваат и изгледа дека можеби ќе работат нешто во врска со авијација или со некои транспортни компании.

На нивниот темперамент одговараат разни професии поврзани со трговија и ако на тоа се посветат, можна е брилијантна кариера, па тогаш ќе имаат влијание врз животите на многу луѓе. Доколку имаат храброст и истрајност, можно е да прифатат и разни ризични работи, иако се плашат од се она што е неизвесно. Можеби во професиите во врска со издавачка дејност или некоја воспитна работа, силата на нивниот дух ќе дојде до подобар израз.

Среќни броеви: два, пет, три.

Поволни денови: понеделник и среда.

Бои: виолетова и зелена.

Во знакот на Рак родени се следните познати личности: Рембрант, Салвадор Дали, Шуберт, Русо, Бергсон, Ла Фонтен, Петрарка, Никола Тесла.

Основни карактеристики на хороскопските знаци