Во Србија започнува ковид вакцинацијата за доборволно пријавените граѓани

Вакцинацијата на првите 1.000 граѓани кои доброволно се пријавиле за вакцината против коронавирусот во Србија, започнува денес, потврди за „Блиц“ министерот за труд и социјала и член на кризниот штаб, д-р Дарија Кисиќ Тепавчевиќ.

„Во овој момент, критериумот за возраст одлучи кој ќе биде приоритет, а тоа се лица постари од 75 години кои изразија интерес за вакцината. Граѓаните низ цела Србија ќе бидат вакцинирани “, наведува д-р Кисиќ Тепавчевиќ.

Како што додава, во наредните денови ќе се утврди динамиката за вакцинација на другите граѓани кои аплицирале за вакцината преку е-порталот.

Во текот на првите денови околу 200.000 граѓани изразиле интерес за вакцинација.