Рекорден број на починати од коронавирусот во Велика Британија

Велика Британија, иако прва во светот што започна со вакцинација против Ковид-19, се’ уште се бори со силен напад од коронавирусот!

Во последните 24 часа е забележан рекорден број на смртни случаи во земјата – 1.564,  најголем од почетокот на пандемијата, додека бројот на новозаразени е намален во однос на вчерашниот ден и изнесува 47.525.

Вкупно повеќе од 3,2 милиони случаи на коронавирус се пријавени во Велика Британија, а вкупниот број на смртни случаи е 84.767.