Американскиот државен секретар во заминување Мајкл Помпео процени дека поранешниот американски претседател Доналд Трамп наскоро треба да ја добие Нобеловата награда за мир затоа што тој го промовираше арапско-израелскиот мир.
Помпео го предложи тоа на Твитер за време на седницата на Претставничкиот дом на Конгресот на САД, кој по втор пат размислува за отповикување на Трамп, поради неговата улога во немирите минатата среда, кога неговите приврзаници упаднаа во Капитол, при што загинаа пет лица.
Трамп и многумина негови сојузници не ја криеја желбата претседателот во заминување да добие Нобелова награда за мир.
Таа кампања во име на Трамп предизвика бес затоа што самопромовирањето на наградата се смета за несоодветно.
cc: @NobelPrize pic.twitter.com/XtjW6ehEMt
— Secretary Pompeo (@SecPompeo) January 13, 2021
Помпео објави на Твитер фотографија на која Трамп мавта од балконот во Белата куќа со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и високи претставници на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Бахреин. Фотографијата е направена во септември минатата година, кога Израел ги нормализира односите со ОАЕ и Бахреин според договорот, за кој преговараше зетот на Трамп и високиот советник Џеред Кушнер.