Поради голема експлозија во вселената можни се проблеми со телефоните

Поради големата експлозија која се случи во нашата галаксија, можно денес да има проблеми во мобилната мрежа околу планетата.

Научниците веруваат дека експлозијата е предизвикана од необична, многу моќна неутронска sвезда позната како магнетар.

Откривањето на оваа експлозија може да помогне во разбирањето на гама зраците, кои се дел од најсилните експлозии во вселената, објави Индипендент, повикувајќи се на научното списание „Nature Astronomy“.

Земјата повремено е погодена од слаби и кратки гама зраци, но ретки се големи експлозии, како што е новооткриенata GRB200415A, којa емитираше повеќе енергија од Сонцето.