Општи карактеристики на Близнаци (21.05-20.06)

Машкиот воздушен знак на зодијакот стои под владеење на Меркур. Дури и во самото име на знакот и познатата неутралност на Меркур се крие цела сложеност на карактеристиките на овој знак. Тоа е знак кој најтешко се дефинира, но сепак акцентот се става на непостојаност и голема моќ на прилагодување кон секоја прилика.

Родените во овој знак се надарени со дух и дарба за логично расудување. Ги обожаваат сите промени и новитети, но сепак знаат да бидат многу упорни во остварувањето на своите идеали. Умеат да се однесуваат во секоја средина и така се способни да се поистоветат со секој проблем за кој се работи. Нивното разбирање на туѓите проблеми и грижи е просто неограничено. Во тоа многу им помага и вечно младиот карактер со кој успеваат да ги пребродат сите недоразбирања. Агилни, вешти и радознали, лесно влегуваат во сржта на најтешките проблеми, разбираат се и за секого наоѓаат соодветен збор. Нивната вродена нервоза уште повеќе го засилува лирскиот темперамент.

Личностите родени во овој знак располагаат со интелигенција поголема од просечната, но повеќе се вредни работници отколку фантазирачки создатели. Со многу практичен дух се и обдарени се со смисла за дипломатија. Реални се во проценките на ситуациите и секогаш добро знаат кога да потегнат некој потег. За се претходно добро размислуваат, па дури тогаш го прават одлучувачкиот чекор. Тврдоглави се само тогаш кога ги бранат своите ставови кои особено им значат. Сакаат на сите да им помогнат и да ги задоволат и ретко кога на побараната помош велат – не, дури и кога молбата е неоправдана. Поради тоа доживуваат разни непријатности. Умешни се во секој вид конверзација, а особено „писмена“. Наклонети се на уметностите.

Срамежливи се и лесно другите ги убедуваат и на добро и на зло. Ако се најдат во лошо друштво, се однесуваат лошо. Со еден збор, знаат да се постават во секаква ситуација, вечно бараат промени и многу се непостојани. Но исто така, ако е потребно, ништо не може да ги запре во остварување на нивните идеали и цели. Нивните квалитети се фантазија, агилност и суптилност, а мани цинизам, лукавост и беспомошност. Живи и чувствителни, многу лесно успеваат во сите области. Се потпираат само на логика.

Заболуваат од вртоглавици, инфаркт и болести на белите дробови врз основа на ТБЦ. Не можат да се пофалат дека им се непознати разни симптоматични лудила.

Тие никогаш не би требало да се грижат за работата и иднината. Нивниот проблем е во тоа да одберат една од бројните прилики кои им стојат на располагање. Пронаоѓаат еден куп различни кариери во кои можат да достигнат некој значаен успех. Имаат талент за сите нив и сакаат да се испробаат во секоја. Особината на нивната природа е дека тешко може да се сконцентрираат само на една работа, така што никогаш не можат да донесат конечна одлука, туку цел живот го поминуваат од една на друга работа. Така, ако се случи неуспех, тоа не е поради недостаток на способност, туку поради недостаток на волја да се занимаваат само со една работа. Доколку им појде од рака да се фокусираат само на една работа и себе да се дисциплинираат, можно е да постигнат брилијантна кариера. Нивната непосредна досетливост им дава широки можности за јавни говори што во комбинација со способноста да создаваат пријателства им дава можност за успех во некој вид политичка кариера. Новинарство, медицина, право или некои духовни служби се областите во кои можат да успеат.

Среќни броеви: шест, пет, осум.

Поволни денови среда, петок.

Омилени бои: сина и сива.

Познати личности кои се родени во овој знак: Данте, Кеплер, Вагнер, Григ, Бернард Шо, Клемансо.

Основни карактеристики на хороскопските знаци