Полицијата интервенираше во Вевчани по групирањето на Вевчанскиот карневал

Граѓаните на Вевчани и покрај аплите на надлежните да не се одржува карневалот се собраа што резултираше со судар помеѓу полицијата и граѓаните.

Од МВР велат дека полицајците интервенирале во Вевчани бидејќи не се почитувале мерките за заштита од вирусот, а имало и групирања на повеќе од четири лица, со што според МВР било загрозено здравјето на граѓаните во услови на глобална пандемија. Засега нема официјални информации дали има приведени.

Од општина Вевчани и градоначалникот Сашо Јанковски претходно апелираа да нема групно собирање, да нема посети на домовите и да се запазат мерките што ги налага Комисијата за заразни болести.