Центарот “Гамалея” бара дозвола за испитување на руската вакцина врз деца

Центарот “Гамалея”, кој ја разви руската вакцина против Ковид-19 „Спутник V“, ќе побара дозвола од Министерството за здравство во март за да ja тестира вакцината врз деца, јави ТАСС.

Сепак, студијата нема да започне до завршувањето на третата фаза на испитувања на вакцината кај возрасните, што е закажано за април-мај, објави БТА.

Агенцијата го цитираше директорот на Центарот “Гамалея”, Александар Гинзбург. “Во однос на проучувањето на вакцината врз деца, активно работиме на подготовка на документи. Се надевам дека ќе заврши за месец и половина или два. За два месеци, во најдобар случај, ќе ги доставиме документите до Министерството за здравство за дозвола”. рече научникот.

Според Гинзбург, дури и ако се добие дозвола, тестовите ќе започнат само по завршувањето на сите тестови кај возрасните.

И резултатите од набудувањата на третата фаза ќе бидат внесени во потврдата за регистрација во периодот април-мај, објасни Гинзбург.