Загубени се 140 милијарди долари во биткоини поради заборавени лозинки

Бидејќи неодамна цената на биткоинот нагло се зголеми, сопствениците на таа криптовалута кои не можат да пристапат до новостекнатото богатство, испаничија.

Околу 20 проценти од постојните 18,5 милиони биткоини – вкупно вредни 140 милијарди – се во дигитални паричници до кои сопствениците не можат да пристапат, според Chainalysis, компанија која се занимава со податоци за криптовалути, објави вчера Њујорк Тајмс

Сопствениците на најпознатата криптовалута во светот се очајни бидејќи знаат од колку пари ги дели заборавената лозинка или на некој друг начин изгубен пристап до нивната сметка, пишува Бизнис Инсајдер.

Wallet Recovery Services, компанија што помага да се пронајдат изгубени дигитални клучеви, за Тајмс изјави дека добива 70 барања на ден од луѓе кои се обидуваат да пристапат до нивните дигитални паричници, трипати повеќе отколку пред еден месец.

Во интервју за Њујорк Тајмс Стефан Томас програмер од Сан Франциско, вели дека неговите обиди да ја запомни лозинката биле неуспешни и дека му останале само два обида да ја открие лозинката пред трајно заклучување на сметката. И неговите 7.002 биткоини вредаТ околу 220 милиони долари оваа недела.

Поранешниот директор на безбедносниот сектор на Фејсбук, Алекс Стамос, во твит за тоа вчера, се чини дека му понудил помош на Томас да му го земе паричникот за 10 проценти од вредноста.