Брестовац гo избра составот за во Египет

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Данило Брестовац го објави списокот за настап на Светското првенство во Египет кое стартува утре. Предводникот на нашиот најдобар национален тим го почна процесот на подмладување, шанса ќе им даде на помладите ракометари.

Она што „падна во очи“ е Дејан Манасков. Членот на Веспрем нема да патува за Египет, барем засега, договорот е да биде на „готовс“ доколку му биде потребен на Брестовац за вториот дел на Мундијалот.

ГОЛМАНИ: Никола Митревски, Мартин Томовски, Никола Даниловски

ЛЕВИ КРИЛА: Димитар Димитриоски, Цветан Кузманоски

ДЕСНИ КРИЛА: Мартин Поповски, Ненад Костески

ЛЕВИ БЕКОВИ: Филип Талески, Марко Мишевски, Дарко Георгиевски, Михајло Младеновиќ

СРЕДНИ БЕКОВИ: Филип Кузмановски, Марио Танкоски, Горан Крстевски

ДЕСНИ БЕКОВИ: Кирил Лазаров, Мартин Велковски, Мартин Серафимов

ПИКЕРИ: Стојанче Стоилов, Никола Маркоски, Жарко Пешевски