ЕУ го отстрани зборот „република“ пред „Косово“ од твитот за средбата на Вархеји – Османи

Синоќа Европската унија го отстрани твитот во кој ја опиша Вјоса Османи за „Претседател на Република Косово“. Во новата објава, овој пат недостасуваше зборот „Република“ и остана само Косово.

Европската унија синоќа објави дека комесарот за проширување на ЕУ, Оливер Вархеји и косовската претседателка Вјоса Османи се состанале во Брисел.

Пред зборот Косово, во оригиналното соопштение, стоеше „Република“.

Овој детал најпрво го забележаа некои косовски медиуми, наведувајќи дека Брисел „ја отстрани фуснотата за Косово“ на состанокот на претставниците на ЕУ и Вјоса Османи, пренесува KoSSev.

Набргу потоа, на Твитер реагираше и директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, кој ја оцени оваа изјава на Европската унија за недопуштена.

„Според кој договор и кога точно ЕУ го призна т.н. Косово? Дали тоа значи дека дијалогот е излишен? Во ЕУ, законот на сила никогаш не смее да биде посилен од законот на правото. Србија не е наивна, ние сме посветени на дијалог, но се почитуваме себе си и сите потпишани договори. Затоа очекуваме одговор од Европската комисија “, рече Петковиќ.

Потоа се појави нов пост на Твитер профилот на Европската унија. Овој пат без зборот „Република“.

https://twitter.com/EC_AVService/status/1349000630971543552?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1349000630971543552%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fkossev.info%2Feu-uklonila-republika-za-kosovo-iz-tvita-o-sastanku-osmani-varhelj-nakon-petkoviceve-reakcije%2F