Марс е господар на овој машки огнен небесен знак. Покрај него големо влијание има Сонцето и нешто послабо Јупитер.
Родените во знакот на Овен се полни со живот и животна енергија. Одлучни се и без никакво двоумење одат право кон целта. Самостојни се и многу упорни. Рано почнуваат сами да се пробиваат низ животот и при тоа не прифаќаат никаква помош. Со силна волја и огромна сила бестрашно се пробиваат. Никогаш не сакаат да бидат во подреден однос, тоа не им одговара. Напротив, сакаат да сносат целосна одговорност за сите свои постапки кои знаат многу гордо и достоинствено да ги бранат. Радо би пропаднале отколку да отстапат од своите идеи. Тоа се изразити лидери, импулсивни, бестрашни, храбри и одлучни, кои пред се ја ценат слободата. Сакаат ред и дисциплина, но сами не се придржуваат до истото. Не можат да се пофалат со голема молчаливост и некои силни морални квалитети. Се потпираат на измами и расипништво, но знаат да бидат чесни кога тоа им носи некаква корист. Понекогаш жестоко пламнуваат и тогаш се во состојба се да кажат во лице, но ако се зборува за нив, секогаш ги оправдуваат своите постапки.
Како доблести им се спомнуваат: ентузијазам, ревност и презирање на секоја опасност, а како маани: недоследност, желба за власт и фанатизам. По природа се амбициозни и срамежливи, а акцијата им е единствено мерило за вредност. Не знаат за пречки и ако не се во состојба да на време ги откријат и совладаат, стануваат бесни и дрски. Не бараат да се допаднат, туку се наметнуваат.
Луѓето родени во знакот Овен во многу случаеви се кавгаџии, склони кон љубомора и други непромислености. Поради тоа имаат компликации во животот. Иако имаат развиена моќ на забележување и расудување, тоа многу не им користи, бидејќи повеќе делуваат со вродена импулсивност. Имаат големи предиспозиции за спорт, многу ја сакаат природата. Волјата за работа и животна сила кај нив се беспрекорни, но бидејќи живеат во постојана напнатост, често запаѓаат во разни болести. Заболуваат од сите видови настинки и наклонети се и на лудило. Уживаат во патувања и секогаш тежнеат кон промени како на работа така и во љубовта и во останатите човечки активности.
Со оглед на тоа што имаат извонредни способности, ним им претстои сјајна иднина. Храброста и енергијата ќе им помогнат да ја сокријат својата нестрпливост и неконтролирано воодушевување. Тие најдобро ќе се пласираат во активностите кога од нив се бара да управуваат со другите. Тоа обично се однесува на воени и политички работи. Нивната особина ништо да не работат половично ќе ги донесат скоро до тука да нема да знаат која од поволните прилики да ја искористат. Тие ја преземаат водечката улога во секоја работа која ќе ја прифатат и тогаш работат без ниту еден збор на опомена. Тогаш мораат да ја контролираат својата бујна природа, бидејќи нивната екксплозивност не може да се помири дека работите не одат онака како што ги замислиле. Треба да бидат внимателни во донесувањето на одлуки, бидејќи секогаш ќе сакаат да брзаат напред, а претходно да не ги одмерат сите околности. Индустријата и работниот свет се исто така поволни области каде нивниот талент за беспрекорен работник – лидер се покажува во најдобро светло.
Среќни броеви: два, осум и еден.
Поволни денови: петок, вторник и понеделник.
Омилени бои: жолта и портокалова.
Познати личности родени во овој знак: Гоја, Бах, Бизмарк, Бодлер, Зола, Леонардо да Винчи, Рафаел.