Како се менува вашата личност кога ќе престанете да пушите

Истражувачите откриле дека невротичноста и импулсивноста на пушачите стивнуваат откако ќе ги остават цигарите.

Покрај уништување на здравјето, тврдат научниците, пушењето ја уништува и нашата личност.

Пушењето неколку цигари на ден е исто толку штетно за белите дробови како и две пакувања на цигари.

Студија спроведена од Универзитетот во Мисури покажа дека пушачите имаат две силни одлики – импулсивност и невротизам. Студијата исто така открила дека оние кои престанале да пушат за време на студијата, покажале драматично повлекување на тие карактеристики.

Ова ни кажува дека можеме да очекуваме промени поврзани со нашата личност откако ќе се откажеме од пушењето.

Начинот на кој другите луѓе ве гледаат ќе се промени и ќе станете подостапни. Да не спомнувам дека ќе се чувствувате посреќно поради откажување од пушење. Ќе бидете изненадени колку нервоза ќе исчезне од вашиот живот откако ќе прекинете, а исто така ќе имате појасен процес на размислување.

Студијата следеше луѓе на возраст меѓу 18 и 35 години, делумно затоа што научниците велат дека нашата личност е изградена и „заклучена“ кога ќе наполниме 35 години.

Тоа е исто така дел од причината зошто е потешко да се остават цигари подоцна во животот. Работите како желби, нетрпеливост и лути испади веќе не се само несакани ефекти на цигарите, туку станаа дел од вас. Многу пушачи имаат вистински проблем со оваа промена на идентитетот, но ако знаете која е причината, можеби ќе ви биде полесно да одлучите да престанете да пушите, пишува YourTango.