Македонските одбојкари со победа ги отворија квалификациите за ЕП

Македонската одбојкарска репрезентација на стартот од квалификациите за Европското првенство успеаа да забележат победа од 3:1 во дуелот против Босна и Херцеговина.

Избаниците на селекторот Никола Матијашевиќ можеа и полесно да стигнат до почетниот триумф и по скоро два часа игра успеаа да совладаат противникот.

Следниот натпревар нашите одбојкари го играат в среда против Турција, а почетокот е закажан за 18 часот.