Закана од големи поплави во регионот: Прогласена е вонредна состојба на повеќе места на југот на Србија

Поради поплавите, денеска е прогласена вонредна состојба на повеќе места на југот на Србија. Поради обилните врнежи од дожд во претходните два дена и штетите предизвикани од излевањето на реките на териториите Лесковац и Власотинце, прогласена е вонредна состојба. Од штабот за итни случаи велат дека се поплавени домови, подруми, дворови, но и земјоделски земјишта.

Поради обилните дождови деновиве имаше излевање на река Пчиња во кумановскиот регион, а вечерва кружат и фотографии од реката Вардар која е пред излевање од коритото во Аеродром и Лисиче.

Загрижуваат и најавите на метеоролозите дека дождовите ќе продолжат и во наредните денови.