Арсовска: За компаниите најважен е континуитетот на мерките за државна помош

Претседателката на Сојузот на стопански комори во интервју во Дневникот на Сител истакна дека континуитетот на државната помош е најважна за компаниите.

-Мерките мора да продолжат сѐ до оној момент додека трае оваа економска криза во Македонија. Затоа е многу важно да се има овој континуитет, пред сѐ, за да се влее сигурност и стабилност кај претпријатијата. Да им се овозможи сите загуби што ги имаат да можат да генерираат барем некаков минимален доход за да можат да ги покријат и да можеме по завршувањето на економската криза да почнеме со опоравување на претпријата за да можеме да постигнеме соодветен раст, рече Арсовска.

Вели дека членството на ССК побарало да продолжи неповратната финанска помош, но и повластените кредити.