Општи карактеристики за Риби (19.02-20.03)

Тоа е воден женски знак кој е под владеење и влијание на Јупитер. Исто така се чувствува и влијанието на Нептун.

Родените под овој знак се предодредени за страдање и трагедија. Претерано се чувствителни и живеат во својот романтичен свет, кој е создаден од најпоетични и потполно нереални елементи. Толку знаат да се занесат во светот на својата преголема фантазија што многу често го губат тлото на реалноста под себе и свртуваат на патеката на себичноста. Плашливи се и како да немаат доволно храброст да се пробијат напред, но нив тоа не им пречи. Тие уживаат да им помагаат на другите, а за себе го задржуваат правото вечно да страдаат и тврдат дека се несреќни. Сакаат на сите да им помогнат и во тоа често претеруваат. Не знаат никогаш да ја одбијат побараната помош. Немоќни се и тогаш кога треба да ја докажуваат својата вредност. Но од секакви неволји во кои запаѓаат ги извлекува нивната добра среќа, а бидејќи луѓето родени во овој знак немаат лош карактер и сите ги сакаат, тоа е доволно човекот да биде среќен.

Не сакаат големи потфати и претерана активност, ја избегнуваат секоја нервоза и гледаат што подобро да си поминат, а што помалку да работат. Бараат пријатели за да им бидат од корист. Вечно им помагаат на другите и затоа стално се борат. Се чувствуваат должни сè да научат и сè да знаат. Плашливи се, но на посебен начин и поради тоа се вредни за почит. Тие луѓе малку зборуваат, повеќе застануваат зад ставовите на другите. Другите лесно ги наведуваат да се борат за нив, а тие на тоа уште и се заблагодаруваат и се трудат на сите начини да ја оправдаат таа доверба. Но и покрај сè се многу чесни, мирољубиви и паметни, а можеби малку повеќе и емотивни.

Многу се наклонети кон сликарството и тука дури доаѓаат до полн израз. Полни се со дух и затоа не поднесуваат никаква организираност на работите. Вечно сонуваат, големи боеми се и над се сакаат непосредност и спонтаност. Никаква работа и сјај не можат да им го надоместат нивниот романтичен неред, нивното царство на фантазии. Без разлика на сè останато, секогаш сакаат да се вратат во тоа свое царство на фантазија и се останато им е многу туѓо.

Квалитети им се агилност, мирољубивост и снаодливост.

Мани: незаинтересираност и неодлучност.

Заболуваат од болести на белите дробови и трески.

Неодлучноста ќе биде нивната најголема пречка во постигнувањето на некои значајни успеси на професионален план. Можат да дојдат до големо богатство, само мора да имаат поголема доверба во сопствените размислувања и да избегнуваат да го прифатат секој совет што им се дава од страна. Тие имаат заинтересираност за повеќе работи и за нив ќе биде проблем која работа да ја прифатат. Мораат да се навикнат на одреден ред и да воспостават свои принципи во животот. Нивната голема заинтересираност за повеќе работи ги доведува до тоа залудно да ја трошат енергијата на бескорисни работи и затоа вистинскиот успех доаѓа дури тогаш кога ќе се посветат само на еден повик. Ќе имаат успех во финансиски професии и работи кои се индиректно поврзани со уметностите. На нивниот успех допринесува и големата популарност која ја уживаат во општеството.

Среќни броеви: два, три.

Поволни денови: понеделник и вторник.

Омилена боја: црвена и виолетова.

Познати личности родени во овој знак: Виктор Иго, Монтескје, Ренан, Саша Гитри.