СРАМОТА: Охрид и Охридското езеро ќе бидат ставени на листата на загрозено светско наследство

Македонскиот бисер Охрид не успеа да го зачува статусот на светско културно наследство. Покрај уверувањата од Општина Охрид дека се преземаат чекори за отстранување на забелешките и дека е направен значителен напредок, УНЕСКО објави прелиминарен извештај на стотина страници во кој нотира дека сите надлежни инситуции потфрлиле.

Поради несериозноста Охрид ќе биде ставен на листата на културни наследтсва во опасност.

-Властите, како на национално така и на локално ниво, не ги имаат исполнето обврските од 2017 година за намалување, односно отстранување на идентификуваните закани по заштитеното подрачје. Напротив, има примери за продолжување на практиките на постапување спротивно предупредувањата. Негрижата кон природното и културното богатство резултира со постепена ерозија на атрибутите поради кои го уживаше добиениот статус, стои во извештајот од -УНЕСКО.

Поради урбанистичкиот хаос, УНЕСКО децидно бара да се отстранат дивопоставените објекти долж брегот на езерото и заштитеното подрачје на градот.