Во овој машки воздушен знак владеат планетите Сатурн и Уран, но покрај нив се чувствува влијанието и на Меркур и Венера.
Кај Водолијата е повеќе отколку кај било кој друг знак изразена хуманоста и желбата за колективна работа. Сè би дале за пријателите, особено за оние кои ги сакаат. Во таа своја слепа лојалност кон останатите луѓе често доживуваат разочарувања, но од тоа не стануваат попаметни. Покрај тоа, тие се секогаш за компромис и разбирање. Неверојатната потреба за друштво ги прави нив со задоволство видени на секое место. Нивната пријатност и духовитост и желбата за забава од секој вид добро е позната. Парите за нив не претставуваат цел туку само средство кое ќе им помогне подобро да поминат. Тоа ги доведува до тоа често да останат без пари, но тие повторно брзо го стекнуваат.
Во својата младост се истакнуваат со напредни идеи. Со немирен дух се и вечно неспокојни. Сакаат со своите идеи да го променат цел свет и со многу елан се залетуваат во секоја новина каде што има и трошка напредок. Поради својата желба за истакнување и вечната борба често се ставаат на чело на сите видови човечки организации. Не можат да го замислат животот ако против некого не се борат, ако нешто не создаваат! Меѓутоа, карактеристично за родените во овој знак е што тие не сакаат да работат само за себе. Тие сакаат се да поделат со пријателите и околината. Имаат вродена особина секогаш да прават големи работи. Тоа ретко го прават без друштвото, бидејќи за нив најголема казна е да бидат сами. Оригиналност и исклучителност по секоја цена, во сите варијации, од клошар до генијален пронаоѓач, претставуваат мисли водилки за овој знак.
Се борат за докажување на своите вредности. Сакаат слава и пофалба, но мразат лицемерие и непочитување. Лесно човек може да ги убеди во своите ставови и тие ги прифаќаат и за нив се борат како за свои. Поради тоа многу често другите имаат повеќе корист од нивната работа отколку тие самите. Тие се најголеми сонувачи. Понекогаш, тие се и луѓе со болни склоности. Сакаат да бидат пред своето време, не затоа што се снобови, туку затоа што на ова смешно време му недостига фантазија. Да побегнат во топла соба, во кругот на семејството, а милион бескорисни работи да бидат во беспрекорен ред спремни околу него за секоја негова изненадна идеја – тоа е изразит пример на знакот Водолија. Секогаш се тврдоглави, но повеќе од принцип да имаат околу што да се борат со околината!
Големата доверба во луѓето, огромната хуманост и изразената индивидуалност по секоја цена, која знае често да премине во егоизам, тоа се главните одлики на луѓето родени во овој знак.
Најголема радост тие ќе најдат во професиите каде што ќе бидат поврзани со огромен број на луѓе. Тактот и енергијата ќе им донесат заслужен успех. Среќни се кога можат некому да му помогнат и затоа нивното поле на делување треба да биде воспитната работа, социјална грижа или лекарски повик. Иако очекуваат успех во животот, не е веројатно дека ќе го постигнат, бидејќи тие се потполно незаинтересирани за пари. Нивниот природен идеализам ќе надвладее и тие ќе се занимаваат со работи кои донесуваат мала материјална добивка. Тие не би требало да бидат обесхрабрени кога ќе почувствуваат дека не се остваруваат нивните амбиции, бидејќи нивната судбина е да не ги постигнуваат своите успеси веднаш. Тие треба да ги обележат своите задачи и да работат на тоа. За нив е најдобро да одберат таква работа каде што најголемиот дел од времето ќе бидат независни: сликарство или литература, некакво пронаоѓање, држење приватни часови. Мало самостојно претпријатие е она што нив им е потребно да бидат среќни и да успеат во професионалниот свет
Среќни броеви: шест, седум, девет.
Поволен ден: петок и сабота.
Омилена боја: темно сина и зелена.
Познати личности родени во знакот Водолија се: Моцарт, Едисон, Бајрон, Линколн, Едвард VIII, Штросмајер.